Охрид, 31. декември (ОХРИДПРЕС) – Охрид за новогодишните празници е преполн со гости од целиот свет и наликува како во шпицот на сезоната. Вечерва е големото финале на активностите за прослава на Новата година на Градскиот плоштад во Охрид.
Денеска, со почеток во 12:30 часот, на плоштадот во Охрид се одржа музичко-театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.
Богата програма и за вечерашната, највесела ноќ во годината. За забавниот дел на дочекот на новата година вечерва на Градскиот плоштад во Охрид од 21:00 часот ќе се погрижат диџеите Jana Slayy и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“.
Утре, понеделник, 1-ви јануари 2024 година, точно на пладне ќе настапат групата Balkan Jam и Драган Мијалкоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес