мај 10, 2017

Охрид, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Црвен крст Охрид, денес со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи Отворен Инфо Ден.

Ќе се врши прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст.

Исто така во тек е акцијата, каде на сите новороденчиња родени на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид во Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, и нивните мајки, Црвен крст Охрид ќе им додели пригодни и корисни подароци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука