октомври 23, 2014

Скопје, 22. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Пред извесно време, Инпрес објави листа на најхуманите продуценти од светот на електронската музика, а овој пат еве листа од едно мало истражување за тоа кои светски продуценти имаат високо образование.

Прв на листата е Armin Van Buuren, кој е дипломиран правник. Тој на почетокот на неговата музичка кариера, имал намера паралелно да се занимава и со правото и со музиката. Но, како што неговата популарност вртоглаво расте, ни самиот не е сигурен дали воопшто некогаш би работел во адвокатска канцеларија. Но, добро е  да се знае неговото занимање, барем за организаторите на журки и менаџерите, да не помислат во ниеден момент да го изманипулираат.

Kidnap Kid, или уште познат како Matt Relton, на само 17 години ја започна својата дј-ска и продуцентска работа. А неодамна ја доби и дипломата за политичка криминологија на Универзитетот во Лидс.

Музичарката Jessica Phillipe, позната под уметничкото име Dirtybird, не е само обична девојка која сака да се забавува и да пушта музика. Иако тоа го прави солидно, таа си има и магистерска диплома по системски инженеринг…, за секој случај.

Продуцентот Elephante дипломираше на престижниот универзитет Harvard во 2011 година. Вели дека им ја исполнил желбата на родителите да се стекне со високо образование, но, кога веќе учи, барем да е по негова желба – тој е дипломиран музички програмер.

Henry Fong како продуцент и дј, има „талент“ за убедување на публиката што е добро во музика и на што треба да се танцува. Можеби таа негова карактеристика му помогнала и полесно да ги полага испитите на Универзитетот во Централна Флорида, на факултетот за Маркетиншки науки и комуникации.

Claude VonStroke, пак, се стекнал со диплома на Универзитетот Рочестер во Њујорк, каде дипломирал филмска и видео продукција. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука