февруари 23, 2017

Охрид, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето – плата по вработен, во декември 2016 година изнесува 23.457 денари.

Во однос на декември 2015 година, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на исплатена плата е зголемен. Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата имало во секторите: уметност, информации и комуникации и градежништво.

Највисока нето плата во Македонија, за 2016 година била исплатена за професиите: компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 66.896 денари; правни и сметководствени дејности – 59.124 денари; воздухопловен транспорт – 54.827 денари; телекомуникации – 48.450 денари и производство на фармацевтски производи и препарати – 43.982 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука