Неодамна формираното здружение за борба против мозочниот удар од Охрид во текот на овој месец организира стручни советувања посветени на заштитата на здравјето на граѓаните и опоравувањето од преживеан мозочен удар.
Предавањата ги одржува доктор Маја Божиновска-Смическа од Специјалната болница за ортопедија и трауматолгија „Свети Еразмо“ на чија иницијатива е формирано и здружението.Тие се одвиваат секој петок во болницата „Свети Еразмо“ во времето од 10:00 до 12:00 часот.
Вакво советување е планирано и в недела, на 26-ти октомври, на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. Стручниот тим ќе бидее составен од невролог, физијатар, психолог, советник за исхрана и медицински асистенти од невролошката дејност.
Како што потсетува Божиновска – Смическа, на секои две секунди во светот некој доживува мозочен удар.
– Секои шест секунди во светот некој умира од мозочен удар. До 70 проценти од мозочните удари можат да се спречат, предупредува д-р Божиновска – Смическа.
Супер радио/А.Р.