Охрид, 14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти септември 2024 година, во 16:30 часот, на граничниот премин „Св. Наум“, лишено е од слобода 44-годишно лице од Велес.
При извршена контрола, тоа фрлило кутија од цигари во која имало опаковка со бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 218