февруари 2, 2017

Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 1983 година во Охрид почина д-р Елена Етингер Каваева, една од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија.

Заедно со својот сопруг д-р Влдимир Каваев дошла во Охрид во 1923 година. Каваева е основоположник на педијатријата во Македонија, а во 1947 година станала шеф на првиот детски диспанзер во Охрид.

Во 1968 година била одликувана со советски Орден за воени заслуги.

Таа била и активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија.

Родена е во Честахов, Полска, на 20 ноември 1903 година.

Во 2014-та година беше уредено вечното почивалиште на Д-р Елена Етингер – Каваева, која е основач на детскиот диспанзер, амбулантата „Маларична” во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Publicitet.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука