Охрид, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шеесет и осмата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи денес со почеток во 11,00 часот.
На дневен ред ќе биде предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2017 година.
Советниците ќе расправаат и за одлуката за усвојување на измените на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2017 – 2019 година, како и за промена на трасата на линиска инфраструктура за фекална канализациона мрежа.
Меѓу точките е и предлог Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП„Градски гробишта“ Охрид.
Ќе се утврдуваат условите за начинот на градење во село Љубаништа Општина Охрид за кое нема урбанистички план.
Бројни точки ќе се однесуваат на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во повеќе рурални средини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива