Охрид, 12. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти декември 2024 година, во 19:50 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица од Охрид на возраст од 34 и 24 години, кои го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
– По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 21