Скопје/Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државниот завод за статистика на 30 јануари ќе ги објави резултатите од најновите спроведени статистички истражувања за капацитетите во трговијата и угостителството, а во април годинава ќе бидат соопштени резултатите од анкетите во туризмот.
Значајно е за туризмот во Охрид и Струга, како главни туристички центри, но и за цела Македонија да се знае точниот број на сите видови капацитети во делот на услужниот сектор – угостителството.
Како што најави заменик – директорот на ДЗС, Дејан Станков, ќе се обајават податоците од пописот на капацитетите во трговијата и угостителството, посебни анкети за странски туристи во сместувачките објекти и анкета за странски посетители – анкета на гранични премини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива