News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 9, 2024

Охрид, 9. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На локацијата „Зарчевци“, веднаш до црквата „Света Софија“ во Охрид, археолозите открија остатоци од ранохристијанската базилика, објави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

– Тука се истакнуваат убавината на крстилницата, како и зачуваните подни мозици и ѕидови со фреско декорација. На соседната локација „Манчевци“ веќе е завршена конзервацијата и презентирањето на сегмент од претходно откриените мозаични подови, ѕидови, столбови и арки, кои заедно со новите откритија создаваат единствена целина, потенцира Љутков.

Тој додава дека овие археолошки наоди, не само што се неми сведоци на нашата историја и култура, туку и важен дел од идентитетскиот код на Македонија.

– Убавините на ранохристијанската архитектура повторно блеснаа во историскиот град на Светлината – Лихнид. Културно-историските монументи на Македонија продолжуваат да ме фасцинираат и воодушевуваат. Охрид се соочува со нови откритија што говорат за богатата историја на регионот.  Тие служат како инспирација за натамошни археолошки истражувања и поддршка на промоцијата на културното наследство пред домашната и меѓународната јавност, вели министерот Љутков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука