јули 1, 2019

Охрид, 1. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претпладнево на охридскиот аеродром ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Штудгарт, со што „Еуровингс“, дел од групацијата Луфтханза и официјално влезе како нова авиокомпанија на македонскиот пазар.

„Еуровингс“ ќе лета на дестинацијата Штудгарт-Охрид два пати неделно, секој понеделник и петок, до 9-ти септември, а од 17-ти јули авиокомпанијата ќе ја отвори својата втора сезонска дестинација од охридскиот аеродром – Дизелдорф, на која ќе лета секоја среда до крајот на август.

– Очекуваме овие две нови дестинации, Штутгарт и Дизелдорф, да го зголемат бројот на патници на аеродромот во Охрид, како и бројот на германските туристи на прекрасното Охридско Езеро. Во исто време, двете нови дестинации ќе отворат нови можности за локалното население кое ќе може да го избере Еуровингс за нивните патувања и да ги искористат поволностите од широката мрежа на 210 дестинации низ целиот свет, вклучувајќи и далечни дестинации до Северна Америка, Јужна Америка и Азија’’, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

– Многу сме задоволни што можеме да им ги понудиме на патниците новите дестинации од Охрид до Штутгарт и Дизелдорф во текот на ова лето. Авио-билетите се достапни веќе од 29,99 евра за лет во една насока”, изјави Оливер Вагнер, главен комерцијален директор на „Еуровингс“.

– Бројкте се фрпантни и прекрасни а ова што денеска се случува на охридксиот аеродром на сите нас ни дава за право кои верувавме дека аеродромот ќе доживее бум, процут, експанзија на сообраќај тоа и се случува. Само за споредба, минатата година на аеродромот Охрид имаше 184 000 патници а оваа година 2019 ќе има над 300 000. Значи тоа е енормоно зголемување и на бројот на патници и на бројот на операции на воздухоплови. Јас се сеќавам кога овде во текот на една недела имаше само еден лет во недела. Денеска тринаесет воздушни превозници од Европа го поврзуваат аеродромот Охрид со 20 аеродроми- атрактивни дестинации во 12 држави во Европа. Овие бројки нема да застанат ќе се двиѓат во нагорна линија, вели директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев.

Во името на општината, на пречекот присуствуваше претседателката на градскиот совет, Живка, Ангелоска.

– Секое ново авионско поврзување претставува освојување и откривање на нови хоризонти , можност за нови патувања, туристички развој како и воспоставување на нови деловни односи. Како резултат на заложбата на владата и ТАВ како и нивниот внимателен, грижлив однос кон аеродромот воспоставени се низа авионски летови а Охрид стана позврзан град. Позитивните влијанија се чуствуваат во  бројот на туристи како и оставрените ноќевања во нашиот град, рече Ангелоска.

Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле во моментов опслужува 20 дестинации, од кои 8 се редовни нисокобуџетни авиолинии преку целата година: Цирих, Базел, Виена, Лондон, Малме, Милано, Меминген и Дортмунд. Останатите 12 дестинации од охридскиот аеродром се сезонски, од април до октомври: Амстердам, Брисел, Истанбул, Талин, Тел Авив, Варшава, Ајндховен, Катовице, Мастрихт, Адана, Штутгарт и Дизелдорф.

Авиокомпаниите што во моментов летаат од аеродромот во Охрид се: Виз Ер, Еделвајс, Германија Флуг, Пегасус, Онур ер, Корендон, Брисел ерлајнс, ТУИ флај, Нордика, Ентер ер, ЛОТ, Хелветик и Еуровингс.

Охридскиот аеродром е рангиран од Airports Council International (ACI) како еден од првите три аеродроми во Европа, според стапката на најголем раст на бројот на патници во првиот квартал од 2019 година, која е 63,9%, што е значително повисоко од просекот на ЕУ од 4,4%.

ТАВ Македонија продолжува да забележува зголемувањето на бројот на патници во првите месеци од 2019 година. Од јануари до мај 2019 година, преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, патувале вкупно 914.759 патници, што е зголемување за 11% во споредба со истиот период од 2018 година. ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со 2,3 милиони патници на двата аеродроми и годишен пораст од 16%. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука