Охрид, 29. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јуни 2019 година, во 01:00 часот во СВР Охрид бил приведен и задржан 23-годишнито Л.Л. од Косово.
– На Граничниот премин Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, при пасошка контрола било констатирано дека лицето на увид дало патна исправа на лице од селото Арачиново, скопско. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 37