Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со традиционално добредојде, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денес беа пречекани патниците кои пристигнаа со првиот лет од Дортмунд до Охрид.
– Новата директна линија ќе сообраќа во текот на целата година, со две неделни фреквенции. Почнувајќи од денеска, 2-ри јули, летот од/до Дортмунд ќе сообраќа секој вторник и сабота, со време на пристигнување во 11:15 и време на поаѓање во 11:45 часот, информираат од ТАВ Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 41