Охрид/Дебар, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег.
Од Авто Мото Сојузот на Македонија предупредуваат дека поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека и на патниот правец Маврово – Дебар каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Евзони каде поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, се уште не е дозволен влез на товарни возила и автобуси во Грција. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
Прочитано: 23