Охрид, 3. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, денеска се служеше Света Архиерејска Заупокоена Литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник.
На Литургијата молитвено присуствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а чиноначалствуваше Епископот Стобиски г. Јаков.
По Литургијата се отслужи парастос на гробот на Митрополитот Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 84