Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На поетот Славе Ѓорѓо Димоски утре ќе му биде врачена државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.
Наградата ќе му биде врачена на добитникот на свеченоста што од 12:00 часот ќе се одржи во Собранието на Република Македонија.
Славе Ѓорѓо Димоски е роден на 18-ти март 1959 година во селото Велестово, Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее и твори во родното село. Во два мандата бил претседател на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Димоски е основач и долгогодишен претседател на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Член е на македонскиот ПЕН центар. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива