Охрид/Струга, 16. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 13-ти до 15-ти декември 2024 година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, самостојно и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контроли по Законот за рибарство и аквакултура.
– Притоа, на потегот од селото Пештани до Радожда, припадниците на Езерската полиција, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи во должина од над 200 метри, 50 парчиња уловена разновидна риба во вкупна тежина од околу девет килограми, како и друг риболовен алат и прибор, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 23