Струга, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, денеска на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ кај Струга, на околу 1.000 метри од брегот, пронајдоа осум рибарски мрежи.
– Истите се со должина од по околу 100 метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 35