Струга, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец јануари годинава во Струга биле издадени вкупно 3 одобренија за градење, од кои 2 на физичко лице, а едно одобрение на деловен субјект.
Предвидената вредност е 91 милиони 747 илјади денари.
Наведено е дека во градба се 3 станови, со вкупна корисна површина од 301 м2. Од становите, два се трисобни, а еден четирисобен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15