Струга/Охрид, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија по втор пат учествува на интернационалниот саем за туризам „Travel Fair” во Приштина, Косово.
Интересот на индивидуалните туристи за туристички локации во Македонија е ставен на зимските капацитети, Скопје City tours, Кањон Матка и добро познатите дестинации Струга и Охрид.
Претставници на АППТРМ остварија состаноци со менаџерите на туристичките агенции „In Tours”и „Sharri eco tour”, со кои се разговараше за организирање на туристички пакети за Македонија во нивниот систем за резервирање и планирање на патувања.
За успешна туристичка размена и промоција на туристичките потенцијали од регионот на далечните пазари, но и за соработка на различни интернационални проекти за развој на туризмот во двете земји, како и за меѓуинституционална соработка посебно внимание изрази раководителот на сектор за туризам при Министерството за трговија и индустрија на Република Косово, Хисен Согојева.
Македонскиот штанд беше посетен од амбасадорот на Република Македонија во Косово, Илија Страшевски и градоначалникот на општина Струга, Мустафа Забзун. Оваа година туристичкиот производ на македонскиот штанд го претставија претставници од општина Струга и Хотел Скардус од Попова Шапка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива