Охрид, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според последните мерења и податоците на Управата за хидрометеролошки работи, нивото на Охридското Езеро е осум сантиметри над дозволениот минимум.
Иако се стабилизираше нивото, со регулацијата на дотокот и истекот од браната во Струга, сепак, и понатаму голем предизвик останува неговото зачувување како значаен еко-систем. Тоа е неопходно не само поради староста на езерото и раритетниот жив ендемски свет во него, туку и поради фактот штоа во не така далечна иднина, овој природен воден басен, ќе биде главен извор на снабдување со вода за пиење на целиот регион.
Денеска, на Светскиот Ден на водите, направивме обиколка и ја регистриравме состојбата со нивото на водата. Очигледно е дека нивото е подигнато, додека, пак, мерењата и одредувањето на таквиканиот „билошки минимум“, за експертите е спорно, застарено и треба да се менува.
Денешната слика покажува дека, во средишното градско подрачје и по градскиот езерски кеј, уште има суви места, додека линијата на зидот, упатува на заклучокот за неговата природна состојба.
Најголемите забелешки од експертите се однесуваат на енормниот испуст што ЕЛЕМ, одвреме навреме, го прави користејќи ги водите за производство на електрична енергија.
Езерото не е вештачка акумулација за напојување на електрани, туку единствен природен воден резерват во Европа, кој може да се спореди само уште со два во светот: Езерото Титикака во Африка и Бајкалското во Русија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес