март 7, 2015

Скопје, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На сила е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, како и на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир, информираат од АМСМ.

На патниoт правeц крак Маврово – Дебар, забранaта за движење на тешки товарни возила е сеуште во тек. Сообраќајот на патниот правец Велес – Скопје е нормализиран. Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато.

Поради одрон на патниот правец Кичево – Битола кај селото Железнец сообраќај се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. „Македонија пат“, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во целата држава, освен во јужниот дел каде врнежите се од дожд и снег.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Се потсетуваат возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба која ќе трае до 15-ти март. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука