август 18, 2019

Охрид, 18. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На споменикот на Славеј Планина, денес ќе се одржи народен собир по повод 76 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев” и Денот на армијата.

Организатори се општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца заедно со локалната самоуправа на општина Дебрца.

Ќе биде изведена државната химна на Македонија, по што ќе следи полагање на свежо цвеќе пред споменикот, а пред присутните ќе се обратат претседателот на ГО на СБМ, д-р Никола Стојаноски, како и потпретседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, професорот по историја Љубиша Машановиќ кој ќе говори за значењето на настанот.

Баталјонот „Мирче Ацев“ е формиран на 18-ти август 1943 година и преставува прва легална воена формација за ослободување на Македонија од фашистите.

По одржувањето на преспанскиот состанок на кој беше анализирана состојбата, донесен е заклучок дека се создадени услови за создавањена регуларни воени формации, единици кои ќе бидат способни воено и политички да делуваат на целата територија на Македонија. Така со наредба на Штабот на 2-та оперативна зона, на 18-ти август 1943 година, на Славеј планина се формира Првиот баталјон „Мирче Ацев“, прва регуларна воена единица на македонскиот народ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука