Скопје, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти и 15-ти март во Скопје ќе се одржи петиот саем за венчавки.
На саемот ве очекуваат 40- на излагачи кои го претставуваат врвот во свадбениот бизнис. Со нови колекции ќе се претстават македонски модни брендови.
Ќе бидат поставени и штандови, на кои ќе може да се одбираат локали за свадбена свеченост, избор на накит, козметика, предлози и најразлични понуди на цветни аранжмани.
Настанот ќе биде во хотелот Александар Палас. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26