Охрид, 4. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во шпицот на сезоната, кога градот е полн со гости започна реконструкција на тротоарите на главната сообраќајна артерија во Охрид, булеварот „Туристичка“.
Градежните работи се одвиваат на делот кај бензинската станица на „Макпетрол“ и на делот пред архивот и музичкото училиште „Методи Патче“.
Од Општина Охрид за Супер радио и OhridPress истакнаа дека станува збор за изградба на велосипедска и пешачка патека и дека нема да се сечат дрвјата на овој потег, освен старите кои со корењата го оштетиле делот за пешаците и велосипедистите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 32