Струга, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти ноември 2024 година, во 21:55 часот, на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода лишија 17-годишно лице од Струга.
– При извршен преглед, кај него, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По насоки од јавниот обвинител, со малолетникот извршен е разговор во присуство на неговиот родител, а известен е и Центарот за социјални работи. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 6