Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 17 кандидати ќе можат да се запишат за трет циклус, односно докторски студии на охридскиот Факултет за туризам и угостителство.
Заинтересираните може да аплицираат само за студиската програма туризам. Износот на школарината е 4.600 евра, додека за странски студенти 6.500 евра. Првиот уписен рок за докторски студии ќе трае до 29-ти септември, додека втората шанса за упис ќе биде од 16-ти до 27-ми октомври.
Покрај тоа, битолскиот универзитетот „Св. Климент Охридски“, во чии состав влегува и ФТУ, објави конкурс и за упис на втор циклус студии, кои се едногодишни или двегодишни, во зависност од насоката.
Може да се аплицира на насоките туризам, осигурување, царина и шпедиција (македонски и англиски јазик) и гастрономија,исхрана и диететика, а има место за упис на вкупно 110 студенти. Висината на школарината по семестар, во зависност од насоката, изнесува 300 или 450 евра. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес