Струга, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти декември 2023 година, во 16:40 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници приведоа 20-годишна девојка од Република Албанија.
– При извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека во државата таа престојувала подолго од дозволеното. Таа била предадена на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Лабуништа“ за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 29