септември 2, 2023

Струга, 2. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. септември 2023 година, во 16:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 73-годишниот К.С. од Република Албанија затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира во оперативната евиденција на стоп листата поради сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.

– Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука