октомври 22, 2023

Струга, 22. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви октомври 2023 година, во 15:10 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, на влез во државата, од полициски службеници било лишено од слобода 50-годишно лице од Република Албанија.

– При извршени проверки било констатирано дека за него во службената евиденција е изречена мерка „апси“, по барање на Интерпол Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука