Струга, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти ноември 2023 година, во 16:30 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници лишија од слобода 40-годишно лице од Република Албанија, поради тоа што при извршена проверка било констатирано дека се бара по потерница распишана од Интерпол, Грција.
– Тој бил задржан во Полициската станица во Струга, по што од страна на Основен суд Струга му била определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во КПУ Затвор Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 63