Струга, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јули 2024 година, во 21:15 часот во Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници од Полициска станица лишиле од слобода 34-годишно лице од Република Албанија, поради тоа што бил баран со распишана меѓународна потерница од Интерпол, Република Грција.
– Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 58