Струга, 3. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри јуни 2023 година, во 18:30 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, на влез во државата бил лишен од слобода 44-годишниот Е.Б. од Република Албанија, бидејќи при извршена гранична контрола било утврдено дека се бара по меѓународна потерница од Интерпол.
– Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица во Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 16