Струга, 21. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денес, во утринските часови, царинските службеници на граничниот премин „Ќафасан“, на влез во државата спречија обид за криумчарење на 620 парчиња електронски цигари.
– Стоката е откриена во патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин и еден сопатник, исто така македонски државјанин, кое поради основано сомневање е селектирано за детален преглед. При контролата, сокриени на различни места во возилото се пронајдени 62 кутии со по 10 парчиња електронски цигари, кои лицата не ги пријавиле. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока со вкупна вредност од 675 илјади денари, за која е избегнато плаќање на давачки од 104 илјади денари., информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Додаваат дека стоката е привремено задржана, а против лицата се поднесени прекршочни пријави. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Царинска управа на Република Македонија