Охрид, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – На репертоарот на Охридскиот народен театар, повторно ќе биде поставена претставата „Аналфабет“ – комедија работена според текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Прикажувањето ќе биде во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, во понеделник (1 мај).
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Картите се по цена од 200 денари. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од 14 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 11