јануари 30, 2017

Охрид, 30. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од следниот месец започнува втората половина од сезоната на театарската импровизација „Импровокација“.

На 2-ри февруари со почеток во 20:00 на сцената на Народен Театар Охрид во Центарот за култура ќе се прикажува театарската екстраваганца во која публиката активно учествува со предлози од кои веднаш актерите создаваат сцени.

За скечовите задолжени ќе бидат актерите Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.

Домаќин на шоуто е Филип Ангеличин – Жура.

Билетите се во продажба во Музичката продавница „ЗЗ Топ“ по цена од 150 денари, додека на денот на претставата ќе бидат по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Импровокација

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука