Њујорк, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пишуваат американските медиуми, центарот на Њујорк Никс, Амаре Стадемаер се договорил со клубот околу откупот на договорот и веќе може да бара нов тим.
Стадемаер има уште два месеци од договорот со Никси, но со оглед на најлошиот скор што го има клубот во лигата, тој побара да си замине пред крајот на сезоната.
Според последните информации Стадемаер се договорил со Далас Маверикс каде ќе игра до крајот на сезоната. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17