март 25, 2017

Бостон, 25. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарот на Феникс Девин Букер одигра историски меч за  Феникс на гостувањето кај Бостон постигнувајќи неверојатни 70 поени за својот тим.

Продукт на школата од колеџот Кентаки ,тој е шестиот кошаркар кој успеал да стигне до оваа бројка, единствен активен играч во НБА-лигата, и најмлад ако се знае дека Букер стигна до овој рекорд со само 20 години. Тој погоди 21 од вкупно 40-те упатени шутеви од поле (4/11 за тројка),а од линијата за слободни фрлања имаше брилијантен ефект 24/26.

Резултати НБА: Шарлот-Кливленд 105:112, Индијана-Денвер 117:125, Орландо-Детроит 115:87, Вашингтон-Бруклин 129:108, Бостон-Феникс 130:120, Чикаго-Филаделфија 107:117, Хјустон-Њу Орлеанс 117:107, Милвоки-Атланта 100:97, Голден Стејт-Сакраменто 114:100, ЛА Лејкерс-Минесота 130:119 (прод). (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука