Чикаго 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дерик Роуз од Чикаго Булс, по трет пат од мај 2012 година ќе мора да го оперира коленото и за него сезоната е завршена.
По натпреварот со Милвоки, Роуз се пожалил на болки во коленото, а по лекарските прегледи било утврдено дека менискусот повторно бил скинат.
Дерик ја пропушти целата 2012/13 сезона поради истата повреда, а поради истата повреда во сезоната 2013/14 одигра само десет натпревари. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23