Њујорк, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки по 13-ти пат ќе настапи на „All Star“ натпреварот.
Германецот ќе настапи на местото на повредениот Ентони Дејвис кој го откажа настапот на „All Star“ мечот поради повреда на рамото, а пред него истото го сторија и Коби Брајант, Блејк Грифин и Двејн Вејд.
Годинешниот „All Star“ викенд започнува вечерва во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк со дуелот помеѓу „ѕвездите во подем“. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 33