октомври 21, 2017

Њу Орлеанс,21. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Голден стејт стигна до својата прва победа во новата сезона откако актуелниот шампион триумфираше на гостувањето против Њу Орлеанс со 120-128. Кевин Дурант беше во клучна улога,  не само со 31 постигнат поен во нападот, туку и со фантастичните седум блокади, рекорд во кариерата на овој олстар играч.

Кливленд не успеа да го запре Антетокумпо, но тимот предводен од Леброн Џејмс сепак лесно го освои Милвоки триумфирајќи со убедливи 97-116. Грчкиот репрезентативец постигна 34 поени за Милвоки, но Кливленд одигра извонредно колективно. Во нападот најефикасен беше Леброн Џејмс со 24 поени, Кевин Лав имаше дабл-дабл од 17 поени и 12 скокови, а „џокер“ од клупата беше Кајл Корвер, кој погоди пет тројки од шест обиди за вкупно 17 поени.

Суперинтересно беше во Феникс, каде „сонцата“ по огромн битка загубија од ЛА лејкерс во меч во кој беа постигнати дури 262 поени (130-132). Одличен натпревар одигра дебитантот на лејкерси, Лоренцо Бол, кому му недостигаше само една асистенција за првиот трипл-дабл во НБА-кариерата (29 поени, 11 скокови, 9 асистенции).

Резултати НБА:

Индијана – Портланд 96-114, Милвоки – Кливленд 97-116, Филаделфија – Бостон 92-102, Вашингтон – Детроит 115-111, Шарлот – Атланта 109-91, Бруклин – Орландо 126-121, Минесота – Јута 100-97, Далас – Сакраменто 88-93, Феникс – ЛА лејкерс 130-132, Њу Орлеанс – Голден стејт 120-128. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука