Чикаго, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Борбата на Чикаго булс за учество во плејофот ќе стане уште потешка откако „биковите“ останаа без услугите на најголема ѕвезда, Двејн Вејд.
Вејд настрада на дуелот со Мемфис и повредата не е нималку наивна.По извршените лекарски прегледи, било обелоденето дека станува збор за сериозен проблем на лактот.
Екипата на Чикаго се наоѓа на десеттата позиција во Источната конференција, со една победа помалку зад Детроит на осмото место, како последно кое носи учество во плејофот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 28