Минеаполис, 18. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на кошаркарскиот клуб Минесота соопшти дека поради повреда на стапалото Немања Бјелица ја заврши оваа сезона.
Српскиот репрезентативец се повреди во четвртокот,а повредата на Бјелица е уште еден удар за Минесота и амбициите на клубот за пласман во разигрувањето, бидејќи неколку недели претходно сезоната поради повреда ја заврши и Зек Лавин.
Бјелица оваа сезона настапи на 54 меча, на кои во просек имаше по 6,2 поени, 3,8 скокови и 1,2 асистенции. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20