Индијанополис, 24. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Кливленд изборија пласман во конференциското полуфинале, откако серијата против Индијана ја добија со 4-0.Четвртиот меч од серијата Кливленд го доби во Индијанаполис со 106-102.
Леброн Џејмс игра одлично во плејофот, овој меч го заврши со 33 поени, додека Кајри Ирвинг уфрли 28. Најефикасен кај Индијана беше Мајлс Тарнер со 20 поени, а Пол Џорџ постигна 15.Кливленд во полуфиналето на истокот ќе игра против победникот од серијата помеѓу Торонто и Милвоки каде резултатот во оваа серија е израмнет 2-2.
Синоќа на останатите средби беа постигнати следниве резулатати: Оклахома-Хјустон 109-113 (1:3),Чикаго-Бостон 95-104 (2:2) и Јута-Л.А.Клиперс 105-98 (2:2) .(Крај)
извор: Спорт ТА фото: NBA
Прочитано: 17