Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младиот жител на селото Велгошти Небојша Јовановиќ го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во ова охридско село.
Голем број на скокачи од кои и многу млади деца и годинава учествуваа на манифестацијата во Велгошти.
Жителите на селото, според традицијата, го даруваа среќниот фаќач на крстот. Тие наполнаа од осветената вода од базенот, каде се изведе чинот на фрлање на Светиот крст. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ѓоко Трпоски
Прочитано: 31