Велешта, 19. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти октомври 2023 година, околу 15:30 часот во струшкото село Велешта, полициски службеници од Полициската станица од Струга лишиле од слобода 36-годишен жител на селото.
– При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24