Охрид, 22. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст со повеќе настани ја одбележува Неделата на Промоција на хумани вредности (ПХВ).
Меѓу настаните со промотивно-хуманитарен предзнак предвидени за оваа недела, секако е и театарската претстава „Приказна за една идеја“ во изведба на младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид. Ќе се реализира вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток во 20:00 часот.
– Преку оваа претстава, младите ќе ја истакнат значајната улога на Црвениот крст како организација отворена за сите, со различни возрасти, професии, вери, националности, кои имаат желба да бидат корисни за заедницата и помогнат на оние на кои помош им е најнеопходна. И овој пат, на овој начин младите ќе упатат силна порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство, толеранција и мир, информираат од Црвен крст Охрид.
Претставата трае 60 минути, а влезот за сите посетители е слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива