Лондон, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дисциплинската комисија на ФА го суспендира играчот на Челзи, Немања Матиќ на три натпревари поради инцидентот кој го предизвика на мечот со Барнли.
Фудбалерот Ешли Барнс стартуваше грубо врз Матиќ, а веднаш после тоа србинот го отурна противникот и се обиде физички да се пресмета со него поради што заработи директен црвен картон.
Матиќ ќе го пропушти финалето во Англискиот Лига куп и дуелите во Премиерлигата против Вест Хем и Саутемптон.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24