Скопје/Охрид, 7. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – На полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи за предвремените парламентарни избори.
Според податоците од Државната изборна комисија на претстојните парламентарни избори ќе нема ниту една независна листа на пратеници, бидејќи не е исполнет условот за илјада потписи.
Од ДИК информираат дека ниту од шестмина независни носители кои се пријавија до истекот на рокот, ниту еден не собрал повеќе од 553 граѓански потписи од потребните илјада.
Најмногу потписи, 553, собра листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски, во Изборната единица 5.
Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива